И ОД ПРОДАЖБА НА ОБЛЕКА ДОБРО СЕ ЗАРАБОТУВА: Еве колку тежи сопственикот на „Зара“
Инвестициската фирма на шпанскиот милијардер Амансио Ортега, основач на модниот гигант Inditex, во четвртокот објави скок на пазарната вредност на недвижностите минатата година од 2,8 милијарди евра на 18,1 милијарди евра, пренесува Ројтерс.
Групацијата Pontegadea, инвестициското возило на семејството Ортега, неодамна го „напумпа“ своето портфолио со инвестирање во логистички центри, користени од големи компании како FedEx, и во луксузни згради низ Америка, од Њујорк до Сиетл, покрај деловни згради.
Групацијата минатата година оствари нето добивка од 2 милијарди евра, во споредба со 1,6 милијарди евра во 2021 година, главно поради дивидендите на Индитекс.
Компанијата со години се фокусираше претежно на недвижен имот, а од неодамна истражуваше енергетски компании, купувајќи удели во соларни панели, оператори на електрична мрежа и ветерници.
Исто така, модниот гигант ги победи конкурентите минатата година, генерирајќи 15 отсто повеќе профит од нивото пред пандемијата.
Ортега има 59,29 отсто удел во Индитекс.
