И НАТАМУ СЕ ТРАГА ПО ИСЧЕЗНАТАТА ОЛГИЦА ДИМИТРОВСКА, ИМАЛО И ПОВИК ДЕКА Е ВИДЕНА НА ЖЕЛЕЗНИЧКА СТАНИЦА ВО СКОПЈЕ - камерите, сепак, тоа го дематирале
Полицијата во тетовско се уште трага по исчезнатата Олгица Димитровска, која уште од вчера се бара во околината на селото Јелошник, каде што била исчезната.
Од информациите со кои располагаме, извесен анонимен повик јавил на Полицијата дека жената е наводно видена на Железничката станица во Скопје, но, по проверката на камерите, жената не е забележана.
Вчера потрагата траеше до дозна, а директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, ја даде следнава изјава:
„Зборував со сестрата на исчезнатата жена, дополнително е испратена полиција вечерва“, објави Ангелов.
Претходно семејството апелираше за помош преку социјалната мрежа фејсбук.
„Исчезната е Олгица Димитровска во селото Јелошник од 7-8 часот утринава. Има 80 години и има деменција. Во селото засега ја нема, можно е да се тргнала надолу кон Теарце и да бара превоз за Скопје бидејќи таму живее. Има ниска градба, слаба, сиво бела коса и носи наочари. Доколку ја видите ве молам запрете ја и јавете се, повеќе луѓе се таму и ја бараат, ќе ја земеме во најбрзо време.
Телефон за контакт: 076/ 466 689“, се вели во објавата.
