Економија, финансии, бизнис

Контакт

И натаму ниту една кандидатура во ДИК

И натаму ниту една кандидатура во ДИК

Ниту еден кандидат за претседател на Македонија на следните избори до сега не поднел официјална кандидатура до Државната изборна комисија, потврдуваат од таму, а бидејќи последните рокови се наближуваат, првите „апликации“ се очекуваа следната недела.

-Рокот за собирање потписи истекува на 9 март додека пак рокот за поднесување листи на кандидати до Државната изборна комисија  истекува на 21 март во 24 часот.  До овој момент до Државната изборна комисија не се поднесени листи на кандидати - рече Љупка Гугучевска, гласноговорникот на ДИК.

Извесно е дека само Гордана Силјановска Давкова и Стево Пендаровски ќе добијат поддршка од 30 пратеници. Иако не мораше тоа да го стори, Силјановска собра 10.00о граѓански потписи и се очекува прва да ја достави кандидатурата, со оглед на тоа што ја доби поддршката на ВМРО-ДПМНЕ уште пред еден месец. Пендаровски денеска треба да биде потврден како кандидат за шеф на државата од страна на СДСМ и ДУИ. Блерим Река нема поддршка од 30 пратеници, но се верува дека лесно ќе собере 10.000 потписи бидејќи зад него стојат Алијанса на Албанците и Беса.

Слично

Поврзани вести