Економија, финансии, бизнис

Контакт

И натаму не се знае што ќе се прави со исламистите што САД ги врати во Македонија

И натаму не се знае што ќе се прави со исламистите што САД ги врати во Македонија

Седумината поранешни припадници на ИСИС кои во август беа испорачани од САД во Македонија и истите беа прифатени како македонски државјани кои се бореле за Исламската држава и натаму остануваат како.осомничени.

Телма дознава дека тие изминатата недела биле на распит кај обвинител за организиран криминал, но истрагата се уште трае и за сега нема обвинение.

„Надлежен обвинител ги презема сите неопходни дејствија за расветлување на случајот. Сослушани се седумте лица во својство на осомничени и истите се во притвор. На осомничените им се става на товар дека сториле кривично дело „Учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации“, велат од Јавното обвинителство.

Седумината вратени припадници на екстремистичките структури се дел од вкупно 156 македонски државјани кои биле дел од терористичките структури на исламската држава. 


Слично

Поврзани вести