Економија, финансии, бизнис

Контакт

И НАРОДНА БАНКА ПОД ЗАКАНА, дојава за бомби и во девет средни училишта

И НАРОДНА БАНКА ПОД ЗАКАНА, дојава за бомби и во девет средни училишта

Дојава за бомба денеска за прв пат е испратен и до Народна Банка на Македонија. 

Повторно нови закани и во средните училишта, и тоа дури во девет средни училишта е пристигната дојава за бомба, информираат од Министерство за внатрешни работи. 

- Денеска (07.12.2022) околу 09.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на електронска адреса на девет средни училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна нaправа. 

Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите. 

Исто така, денеска, околу 10.10 часот и од НБРМ било пријавено дека на електронска адреса била упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш се преземени неопходните мерки за безбедно евакуирање и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот - објаснуваат од МВР.

Фактор веќе објави дека се пристигнати и денес закани за поставени бомби во средните училишта.

Слично

Поврзани вести