Mинистерот Јанакиески во Кривогаштани – во проверка на канализацијата
Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески за време на државниот празник замина во работна посета на Кривогаштани. Тој ја посети локацијата каде се прави фекална канализациска мрежа во оваа рурална општина, а со која околу илјада домаќинства ќе добијат одвод.
Според локалните власти, направена е мрежата во должина од над 600 метри, а инвестицијата е тешка 50 илјади евра.
Со ова, посочуваат општинските власти, селото ќе реши еден голем комунален проблем.
Слично
