Економија, финансии, бизнис

Контакт

И Мунир Пепиќ го тепал Села?

И Мунир Пепиќ го тепал Села?

Од снимката од настаните од 27 април лани од упадот во Собранието, како што рече обвинителката Ивана Трајчева на денешното судење, може да се види дека по пратеникот Зијадин Села удирале и обвинетите Мунир Пепиќ и Вилијам Михајловски.

Адвокатката на Пепиќ даде приговор на коментарот на обвинителката, велејќи дека не се гледа никаков контакт на Пепиќ и Села.

Приговор дадоа и обвинетите Пепиќ и Михајловски, посочувајќи дека не го удирале Села.

Пепиќ вели дека Села бил на метар и пол од него. 

Инаку, Законот за амнестија, што веќе се дебатира, ќе се комплетира до крајот на оваа или почетокот на идната недела и со него јасно ќе се разграничи што значи учество во насилство, кревање рака, организација и осмислување упад во Собранието.

Слично

Поврзани вести