Економија, финансии, бизнис

Контакт

И МИНИСТЕРОТ ПАНЧЕ ТОШКОВСКИ ОТИДЕ ВО ДУБАИ - средба со колегата за борба проив светскиот криминал и тероризам

И МИНИСТЕРОТ ПАНЧЕ ТОШКОВСКИ ОТИДЕ ВО ДУБАИ - средба со колегата за борба проив светскиот криминал и тероризам

Дубаи станува омилена дестинација на македонските политичари. 
Деновиве во посета таму е и македонскиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски. 
Тој сподели информација и видео од неговата посета.
„Деновиве на покана на министерот за внатрешни работи присуствувам во Обединетите Арапски Емирати, каде што учествувам на Светскиот полициски самит во Дубаи, на кој ќе имам и свое обраќање.

Во рамки на оваа посета, остварив билатерална средба со министерот за внатрешни работи на ОАЕ која е наша втора средба за кратко време, што е уште еден показател за интензивирање на односите и заемната доверба меѓу двете држави.

Разговаравме за унапредување на стратешката безбедносна соработка, особено во доменот на борбата против транснационалниот организиран криминал, тероризмот и новите безбедносни закани кои не познаваат граници.

Фокусот беше ставен на операционализација на веќе потпишаниот договор за безбедносна соработка, преку формирање на заеднички оперативни тимови и размена на информации.

Обединетите Арапски Емирати остануваат еден од нашите партнери во глобалната безбедносна архитектура, а оваа средба е уште еден чекор напред во тој заеднички ангажман“, се вели во објавата на министерот Тошковски на фејсбук. 

Слично

Поврзани вести