И МАКЕДОНИЈА ЌЕ НАРАЧА РУСКИ ВАКЦИНИ: Заев рече-„дадов насоки од таму да се направи нарачка“
Премиерот Зоран
Заев при неговата денешна посета на компшанијата ТАБМАК во Пробиштип,
одговарајќи на новинарско прашање истакна дека дал насоки и за нарачка на
вакцините од рускиот производител, односно Спутник V.
-Синоќа доцна во разговор со министерот за здравство, Венко Филипче, добив информација дека имаме капацитет, односно согласно планот за вакцинација и согласно склучените договори и платените аванси, да направиме и нарачка од дополнителни 100.000 дози од следна вакцина, која би го дополнила предвидениот план, и секако не би дозволила да има вишок вакцини согласно планот на министерството за здравство. Така што, еве да одговорам на прашањето 2дали би нарачале Спутник? Да, дадов насоки, како што ме информираа дека има капацитет за дополнителни 100.000, да се направи и од таму нарачка. Значи сè што постои од вакцина, направивме нарачки, договори, односно воспоставивме контакти, сèсо цел процесот на вакцинација да се одвива непречено и продолжи со предвидената динамика, истакна премиерот Заев.
