Економија, финансии, бизнис

Контакт

И МАКЕДОНИЈА ИМА СУПЕР БАБИЧКА: Живее во Демир Капија

И МАКЕДОНИЈА ИМА СУПЕР БАБИЧКА: Живее во Демир Капија

Супер бабичка живее во Демир Капија. Баба Велика Николова  е неуморна и иако е во деветата деценија од животот,  овие пролетни денови можете да видите како врзува лозови прачки во лозјето. Активна е при сите операции во лозовиот насад, од резидба на лозите, до берење на грозјето. Во меѓувреме, се занимава и со други активности, се грижи за сопругот. Тајната за долг живот, според оваа вредна жена за пофалба, е во работата. А најтешкото во животот, според неа, е да молиш некого за нешто.

Сопругот ѝ е пензиониран железничар речиси триесет години.

„Јас како студент на медицина редовно им мерам крвен притисок. Баба ми има идеален 120 со 80 притисок, таков посакуваат и многумина помлади од неа. Дедо ми има дијабетес, но редовно го контролираме. Во лето, таа често добронамерно го лаже дедо дека е 6 часот наутро, а всушност е 4, оди на лозје и се враќа во 9 часот наутро и работата и е завршена. Нејзиното мото е работа, работа, работа. Многу пати знае да каже дека голем дел од младите се мрзи тешки и апелира да се менуваат. Таа е навистина кул баба,  во една ситуација додека бевме дома, а дедо ми ја праша, бабо, што претендираш со тоа, таа  му рече, не се прави паметен многу, јас ти најдов работа! А кога  ме испраќаше за Италија ми рече, многу се мачиш сине, многу ми е мака за тебе. Ѝ реков,  бабо,  ама секогаш ќе имам мака во животот, животот е страдање. Таа ми рече девојче од каде доаѓаш ти, најверојатно алудирајќи на тоа дека сум наследила од нејзината мудрост. Го има преживеано земјотресот во Скопје во 1963 година  и секогаш знае да каже,  мојот живот е филм, вие немате појма! Додека сум била мала и таа ме чувала, морала да ги заврши домашните обврски, а  јас за да не избегам, ме врзувала за дрво“ - откри за МИА нејзината внука од син, Кристина.

Старицата која има четири деца, седум внуци и 10 правнуци, само  едно нешто не научила во животот, а тоа е да прави палачинки. 

МИА

Слично

Поврзани вести