Економија, финансии, бизнис

Контакт

И Македонците во Бугарија имаат право да се здружуваат, велат од Демократски сојуз

И Македонците во Бугарија имаат право да се здружуваат, велат од Демократски сојуз

На отворањето на Македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград, присуствуваше делегација на Демократскиот сојуз во состав, Борче Јакимовски, Владо Кроневски, Јорданчо Теодосиев и Филип Антовски, информираа од партијата.

Од ДС велат дека делегацијата даде јасна поддршка за признавање на правата на Македонците, при што имаше средба со раководството и основачите на Македонскиот културен клуб.

„Како што Бугарите во Македонија можат да се здружуваат, да формираат клубови, политички партии, да ги негуваат нивните културни особености, тие права согласно меѓународните и европски конвенции мора да ги имаат и Македонците во Бугарија“, стои во соопштението на ДС.

Претставници на Левица, ВМРО-ДПМНЕ и соработници на кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски присуствуваа на настанот за отворање на клубот „Никола Вапцаров“. 

Слично

Поврзани вести