И Љупчо Георгиевски смета дека СЈО ги амнестира ДУИ
Поранешниот премиер, Љупчо Георгиевски во Анализа на ТВ 24 вечерва изјави дека СЈО нема обвиненија против ДУИ, иако тие беа на власт 8 години со ВМРО-ДПМНЕ.
Според тоа, тој смета дека ДУИ се амнестирани. Георгиевски вели дека е добро тоа што премиерот Зоран Заев и министерката за одбрана, Радмила Шекеринска повикаа на помирување, иако беа повредени во Собранието при упадот на 27 април.
За амнестијата вели дека не треба да заборавиме дека Заев и СДСМ немаат 80 пратеници.
За бегството на екс премиерот, Никола Груевски рече дека не е проблем што тој избегал, туку кој го пуштил, и кој таму го чува него.
Слично
