Економија, финансии, бизнис

Контакт

И Љубе Бошковски има своја желба во уставните измени

И Љубе Бошковски има своја желба во уставните измени

Партијата "Обединети за Македонија" на Љубе Бошковски, инаку владеачки коалиционен партнер, побара додека се отворени уставните измени името ВМРО да се вметне како движење во Преамбулата, но истовремено и да се забрани неговото користење како преднзак кај политичките партии.

ВМРО е национално ослободително движење кое ја покрена идејата за независна Македонија, велат од таму. 

"ВМРО е организација која им припаѓа на сите граѓани на Македонија и ги обединува сите. „Обединети за Македонија“ како десничарска партија бара ВМРО да се стави во Преамбулата на Уставот, но исто така да биде забранетода го користат партиите. Ниту ние, ниту една друга партија нема право да го злоупотреби тоа свето име за македонскиот народ ", се вели во соопштението.

Според партијата на Бошковски, ВМРО работело како внатрешна револуционерна организација, формирана од 1893 година.

„Во нашето партиско име го нема предзнакот ВМРО, но го има во преамбулата во нашиот Статут, за да се оддаде почит кон организацијата која ги обединувала сите етноси во Македонија. Ниту ние, но и ниту една друга партија нема право да го злоупотребува тоа свето име за македонскиот народ“, додаваат од таму.

Слично

Поврзани вести