Економија, финансии, бизнис

Контакт

И Куманово се откажа од новогодишно украсување

И Куманово се откажа од новогодишно украсување

Од Општина Куманово соопштија дека и оваа година нема да биде новогодишно украсен, поради енергетската криза. Средствата од 2,5 милиони денари за новогодишно украсување на градот ќе бидат пренаменети за проект на фотоволтаични панели.

– Оваа година поради енергетската криза, на првата седница на Советот веднаш по конститутивната седница ќе дадам предлог до Советот да донесе одлука финансиските средства кои се наменети за украсување на градот Куманово во износ од околу 2 и пол милиони денари да се пренаменат во реализација на енергетско ефикасен проект за имплементација на проект фотоволтаични панели и изолација на објект од јавен карактер, на територија на општина Куманово, стои во писмениот одговор на градоначалникот Максим Димитриевски.

Инаку и минатата година Куманово беше без новогодишно украсување поради пандемијата предизвикана од Ковид кризата, а средствата беа пренаменети за набавка на таблети за следење на оналјн настава на учениците. За дочекот на 2021 беа поставени скромни украси и старата новогодишна елка.


Слично

Поврзани вести