Економија, финансии, бизнис

Контакт

И КОВАЧЕВСКИ СТАВИ ПОТПИС НА „ОТВОРЕН БАЛКАН“: Заев се збогува на настанот, денеска ја поднесува оставката

И КОВАЧЕВСКИ СТАВИ ПОТПИС НА „ОТВОРЕН БАЛКАН“: Заев се збогува на настанот, денеска ја поднесува оставката

Димитар Ковачевски, новиот претседател на СДСМ и иден мандатар вчера освен што го придружуваше премиерот Зоран Заев во Тирана, дури и ставил потпис на еден од договорите во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“. 

„Денес го потпишав договорот за признавање на одобренијата за Овластен економски оператор за безбедност и сигурност. Откако договорите бидат ратификувани во парламентите на секоја од земјите потписнички, граѓаните ќе се стекнат со можност слободно да се движат и да работат во секоја од нив. На граѓаните им се овозможува непречен пристап на пазарот на трудот во секоја од трите земји и целосен пристап до електронските услуги, објасни Ковачевски.


Тој вчера присуствуваше на настанот на кои беа и високите претставници од трите земји Македонија, Албанија и Србија. Премиерот Зоран Заев го претстави како иден премиер и рече дека тоа е еден од последните негови насатани на кои учествува од премиерската позиција.

Дали со тоа потврди и дека денеска секако ќче ја поднесе оставката во Собранието како што се претпоставуваше? Според некои информации токму денеска тој треба да ја депонира оставката во Собрание.

Во оставка ќе биде и цела Влада, а пратениците нема да имаат можност да му поставуваат прашања. 


Слично

Поврзани вести