Економија, финансии, бизнис

Контакт

И Кастриот Реџепи влегува во „огнената група“ на ДУИ

И Кастриот Реџепи влегува во „огнената група“ на ДУИ

Пратеникот Кастриот Реџепи ќе работи заедно со пратеничката група на ДУИ. 

Градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети и пратеникот Изет Меџити, кои се дел од членовите на ДУИ кои бараат промени во партијата, викендов се сретнале со независниот пратеник Кастриот Реџепи. Фотографија од средбата споделија на социјалната мрежа Фејсбук со хаштаг „заедно“.  Меџити денеска за телевизија 21 изјави дека Реџепи ќе се приклучи кон пратеничката група на ДУИ во Собранието. Според информации на ТВ21, Движење Беса подготвува интерпелација против вицепремиерот Артан Груби, но не се знае од која причина.

Реџепи досега функционираше како независен пратеник во Собранието, по исклучувањето од Движењето Беса. Од партијата го исклучија откако тој не дојде на гласањето доверба на Владата лани во ноември. Собранискиот претседател Талат Џафери минатата недела тврдеше дека засега парламентарното мнозинство е стабилно. 

Слично

Поврзани вести