Економија, финансии, бизнис

Контакт

И Каракамишева „бесна“ поради договорот со Грција

И Каракамишева „бесна“ поради договорот со Грција

По време на молк во јавноста со мислење околу договорот на кој вчера потпис ставија Македонија и Грција се јави и професорката Тања Каракамишева.

Таа на спцијалната мрежа Фејсбук бесно го изрази револтот.

Пишува дека животот што го ветувал Заев пристигнал и ако досега Македонците не знаеле што е демократија дека вчера дознале.

„На 17 јуни Заев и неговата структура ни покажаа како се менува име на народ и држава, и како се раскрчмува идентитет, како се множи со нула историја и каква иднина ни нудат“-пишува Каракамишева.

Професорката додава дека со 2 милијарди евра долг за една година, со сменето име и историја, со нов јазик и нов идентитет власта на Заев ќе ја внесувала Македонија во ЕУ и НАТО, завршувајќи го статусот со „Овие се компелтно нетокму“.

Слично

Поврзани вести