И кај вториот заразен кој се врати од Занзибар е откриен британскиот сој
Министерството за здравство информира дека според анализите што денеска ги направи МАНУ на брисот од другиот пациент кој пред неколку дена се врати од Занзибар, детектирано е присуство на британскиот сој на вирусот СарсКов2.
И во првиот случај резултатот беше ист. Maкедонски граѓани оделе на одмор во Занзибар затоа што за патување не е потребен негативен ПЦР тест.
Јужноафриканскиот сој веќе е откриен во Словенија, Хрватска и Грција.
foto freepik
Слично
