„И ЈАС СУМ ЛАМБЕ АЛАБАКОВСКИ“, „АЛАЛ ДА ТИ Е МАЈЧИНОТО МЛЕКО“ - горат социјалните мрежи по апсењето на познатиот пејач кој го запалил клубот „Иван Михајлов“
„Поклон до земја. Ламбе Алабаковски е новиот национален херој! Одбраната на државата е должност на секој граѓанин!“, стои во еден од статусите на оваа социјална мрежа.
Игор Аврамовски Александров пишува „Не знам дали навистина Ламбе го потпалил центарот именуван по македонскиот изрод и злосторник Иван Михајлов. Затоа што ниту е осуден, ниту вина признал. Но знам дека да беше во прашање злосторство на некој Албанец под заштита на ДУИ/УЧК или на некој криминалец од децата на ‘северомакедонските’ големџии, сигурно немаше бесрамните медиуми да му го објавуваат името така ударно, како да е осуден, пред да заврши судски процес. Веројатно квислинзите од МВР со ова го хранат крокодилот, со надеж дека така нема нив да ги изеде“. Јован Коцев напишал „Колку докази ви требаат мои Фејсбук Пријатели за тоа што ви ги горат вашите Души уште живи“.
Дел од другите коментари се.
„Алал да ти е мајчиното млеко што си го цицнал! Има Битола јунаци!“
„Вие власта ќе го уапсите и казните. Ние народот ќе го наградиме.
Се врати од Америка пошо гледа овде нема мажи и се килаво. Ламбе комито!!!
Не секој сака да настапува у бугарски клубови., пишува Кристијан Јандриоски.
