Економија, финансии, бизнис

Контакт

И изминатата ноќ тимот на СЈО ја „преспа“ во УБК

И изминатата ноќ тимот на СЈО ја „преспа“ во УБК

Втора ноќ по ред тимот на специјалните јавни обвинители „преспаа“ во просториите на Управата за безбедност и контраразузвање.

Досега е познато дека техничарите кои СЈО ги чекаше да се вратат од странство се вратиле, а информациите кои и се достапни на јавноста се речиси оскудни.

Во УБК се наоѓа и Комисијата на МВР а техничките лица треба да ги обезбедат доказите кои СЈО ги бара со судски налог.

И покрај очекувањата на специјалната јавна обввинителка дека УБК ќе и ги даде доказите и се она што го бара за да открие кој прислушувал во така наречените „Бомби“ засега е неизвесно дали тоа навистина ќе се случи.

Како и да е Јанева децидно потенцираше дека тимот на СЈО нема да си оди оттаму се додека не добие што бара и покрај сите опструкции кои им се наметнуваат.

Дел од медиумите објавија дека утрово било напнато во УБК и дека истражителите на СЈО ја запоседнале Петтата управа, но се ова се само неофицијални информации кои ниту се потврдени ниту се демантирани од страна на специјален обвинител.

Слично

Поврзани вести