Економија, финансии, бизнис

Контакт

И интернистот Фазлији не издржа во борбата со вирусот: Имал два стента, а на Инфективна бил донесен во критична состојба

И интернистот Фазлији не издржа во борбата со вирусот: Имал два стента, а на Инфективна бил донесен во критична состојба

Уште еден лекар почина од компликациите на корона вирусот. 49-годишниот интернист од Куманово, Шкури Фазлији од Куманово почина на Клиниката за инфективни болести, само три дена откако бил донесен со тешка форма на болеста.

Неговиот колега од Куманово, матичниот лекар, Фатмир Асани, кој исто така е позитивен ка Ковид-19, вели дека Фазлији претходно имал два стента и бил во ризичната група, но ниту еден ден не ги оставил пациентите.

-Беше вреден лекар, неуморно од почетокот на епидемијата беше со пациентите. Во нашата фела се повеќе лекари се позитивни на Ковид-19. И тоа е веќе и нормално, колку повеќе заразени пациенти, толку повеќе заразени лекари ќе има. Се чуваме, верувајте, но по 7-8 часа поминати со заштитна облека, маски, визири, во еден даден момент може нешто да се измести, да се допреме несакајќи, и толку треба. Сега вирусот е многу повирулентен, вели Асани. 

А.Б.

Слично

Поврзани вести