Економија, финансии, бизнис

Контакт

И Хан очекува Иванов да му го даде мандатот на Заев

И Хан очекува Иванов да му го даде мандатот на Заев

Со став околу мандатот и формирањето на идната Влада се јави и комесарот Јоханес Хан.

Тој очекува Владата да ја формира кандидатот на партиите кои имаат мнозинство во Собранието.

Во пишана изјава, Хан вели дека промените во демократските општества се природни, и треба да се поздрават кога се резултат на кредибилни избори.

„Прифаќањето и почитувањето на изборниот резултат, и правото на лидерите да се обидат да формираат влада, е знак на зрела демократија. Опструкцијата и поткопувањето на ваквите напори немаат место во демократскиот процес. Затоа, очекуваме сите партии да ги почитуваат демократските принципи и стандарди и да пристапат конструктивно, со цел да работат заеднички, а не да бараат можности да се поткопуваат меѓусебно.

Ваквите пристапи од минатото ја туркаат земјата во криза. Ова мора да го избегнуваат и  власта и опозицијата. И власта и опозицијата имаат улога во функционирањето на демократијата“, посочува Хан во изјавата.

Тој ги повика сите релевантни фактори, вклучувајќи ги претседателот и Собранието, целосно да се придржуваат до словото и духот на Уставот и на одговорен начин „да овозможат брзо формирање влада која ќе работи на заостанатите реформи.

Слично

Поврзани вести