Економија, финансии, бизнис

Контакт

И Груевски со честитки за НАТО

И Груевски со честитки за НАТО

Екс премиерот Никола Груевски продолжува со коментари за актуелната состојба и случувања поврзани со Македонија.

Откако во седиштето на НАТО дваесет и девет земји членки ставија потпис на протоколот за членство на Македонија во таа организација, Никола Груевски упати честитки.

Во првиот дел (бидејќи Груевски така најавува) почесниот претседател на ВМРО ДПМНЕ пишува:

„Не е тајна дека низ целото мое работење во политиката, од почетокот до денес, сум отворен поборник на членството на Македонија во НАТО и ЕУ. Разликата со СДСМ е што несакав тоа да се случи на ваков начин, со ваков понижувачки и штетен договор, со целосно предавање на тешко и крваво стекнатото, па потоа со години да се бориме да ја поправаме штетата со сите ризици во таа намера. Но, надвор од тоа, сметав и сеуште сметам, дека местото на Република Македонија недвослмислено е во НАТО и ЕУ“!

Целиот Фејсбук статус најдете го на официјалниот Фејсбук профил на Груевски.

Слично

Поврзани вести