Економија, финансии, бизнис

Контакт

И Грција ќе ги менува таблите со Преспанскиот договор

И Грција ќе ги менува таблите со Преспанскиот договор


И Грција ќе ги менува своите сообраќајни табли и таблите на граничните премини со новото уставно име на Македонија, потврди портпаролот на грчката влада Димитрис Ѕанакопулос за МИА.

Министерот без ресор потврди дека Грција го признава името „Северна Македонија“ и на таблите повеќе нема да пишува „Скопје“ или „ПЈРМ“.

„Во однос на таблите, што ги споменавте, јасно е и апсолутно е факт дека Грција веќе ја признава соседната држава со името Северна Македонија и тоа ќе се одрази во секое официјално споменување од Грција кон Северна Македонија, нешто што очигледно ги вклучува и таблите“, рече Ѕанакопулос.

Министерството за надворешни работи на Грција во следните денови ќе испрати циркулар до јавната администрација за потребата да се променат таблите.


Слично

Поврзани вести