Економија, финансии, бизнис

Контакт

И Грција ќе ги менува своите учебници „во духот на Преспанскиот договор“

И Грција ќе ги менува своите учебници „во духот на Преспанскиот договор“

И gрчките учебници по историја ќе се менуваат согасно Преспанскиот договор, бидејќи „новите генерации во двете земји и во регионот треба да се едуцираат во духот на европските вредности на солидарност, доверба и меѓусебна соработка“, потврди министерството за надворешни работи по вториот состанок на заедничкиот состанок на двете делегации составени од експерти од двете земји.

Ќе бидат опфатени историски, археолошки и образовни прашања, било решено на суштинската дебата и се усвоило интензивен работен план за постигнувањето на заеднички прифатените решенија, врз основа на принципите и целите на УНЕСКО и Советот на Европа за оваа материја.

„Работејќи во колегијална и конструктивна атмосфера, двете делегации особено внимание посветија на прашањето за наставните програми и учебниците што се во употреба и договорија нивно усогласување согласно духот и словото на Преспанскиот договор. На вториот состанок е потврдена одлучната заложба на членовите на Заедничкиот комитет, новите генерации во двете земји и во регионот да се едуцираат во духот на европските вредности на солидарност, доверба и меѓусебна соработка“, соопшти МНР.

Следниот состанок на делегациите составени од експерти ќе се одржи во Атина на 12 и 13 април, на кој ќе се дефинираат препораките и ќе се надградат.

Слично

Поврзани вести