И градоначалникот Жика Стојановски во иницијативата за оставка на Мицкоски
Оставка од Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО - ДПМНЕ побара денеска Иницијативата за промени во ВМРО-ДПМНЕ. Бараат да се свика нов конгрес на кој треба да се избере нов претседател. На пресконференцијата беа присутни Ивица Коневски, Жика Стојановски, актуелниот градоначалник на општина Илинден, Петре Латиновски, поранешен градоначалник на Бутел.
„За изборниот резултат виновен е оној кој можеше, но не понуди политики со кои ќе ги привлече гласачите. Виновен е тој кој форсираше поделби, не зазема цврст став за ниту едно прашање. Виновен е тој што не успеа да изград и да завеземе став за сите. Кога еден тим губи, не може да биде виновна публиката или играчите, или домарот кој се грижи за соблекувалните. Одговорен е Христијан Мицкоски, рече Весна Дамчевска Илиевска, поранешна пратеничка од партијата.
Вели дека Мицкоски ги загуби претседателските избори, ги загуби локалните избори во Охрид и Ново Село. Ги загубил и парламентарните избори.
Додаде дека на Македонија и треба силно ВМРО-ДПМНЕ, а дека на ВМРО-ДПМНЕ му треба ново и сериозно раководство.
