Економија, финансии, бизнис

Контакт

И ГРАД СКОПЈЕ ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПРОТИВ КОМУНАЛНА ХИГИЕНА - несобраниот отпад „ги запали“ општинските власти

И ГРАД СКОПЈЕ ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПРОТИВ КОМУНАЛНА ХИГИЕНА - несобраниот отпад „ги запали“ општинските власти

По објавата на општина Аеродром дека поднеле кривична пријава против ЈП „Комунална хигиена“ се огласија од град Скопје, од каде посочија дека се придружуваат на кривичната и дека и они поднесуваат пријава против претседателката на Управнот одбор на ЈП „Комунална хигиена“. 

- Град Скопје се приклучи кон кривичната пријава на Општина Аеродром поднесе кривична пријава против Јулијана Спироска претседател на Управен одбор на ЈП „Комунална хигиена“ за загрозување на животната средина

Од Град Скопје во пријавата наведуваат дека во периодот од 2022 година до денес, било констатирано дека поради активности на Јулијана Спировска од ВМРО ДПМНЕ, претседателка на Управен одбор на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, претпријатието континуирано не ја спроведува својата основна дејност, односно одржување на хигиената на подрачјето на град Скопје - се посочува во соопштението на Град Скопје испратено до медиумите. 

Потоа посочуваат зошто ја поднесуваат пријавата конкретно до претседателката на УО.

- Град Скопје поднесе кривична пријава против Јулијана Спировска од ВМРО ДПМНЕ, претседателка на Управен одбор на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје за загрозување на животната средина бидејќи поради неа и нејзините политички мотивирани опструкции повеќе од 3 години претпријатието е нефункционално - се посочува во нивната објава. 

Од Град Скопје информираат дека за целата состојба Град Скопје до Основното јавно обвинителство Скопје поднело кривична пријава против Јулијана Спировска од ВМРО ДПМНЕ, претседателка на Управен одбор на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје за загрозување на животната средина.

- Ова не е само прашање на отпад, ова е прашање на достоинство, здравје и иднина, а за истото баш и е гајле на Јулијана Спировска од ВМРО ДПМНЕ, претседателка на Управен одбор на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје - велат од градот.

Воедно со испратеното соопштение од Град Скопје, испратија и линкови од објави на градоначалничката на град Скопје, поврзани со работењето на претседателката на УО на ЈП „Комунална хигиена“. 



Фото: Принтскрин/Фејсбук/ЈП Комунална хигиена

Слично

Поврзани вести