Економија, финансии, бизнис

Контакт

И Гостивар и Струга имаат новозаболени: За еден ден 14 случаи на Ковид

И Гостивар и Струга имаат новозаболени: За еден ден 14 случаи на Ковид

Во последните 24 часа се направени 2.876 тестирања, а регистрирани се 14 нови случаи на КОВИД-19, соопшти Министерството за здравство. Најмногу новозаболени се од Тетово или осум, па Гостивар – 3, Скопје – 2 и Струга – 1. Не се регистрирани починати пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 909.405 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.797, бројката на оздравени пациенти е 150.126, на починати е 5.487, а бројот на активни случаи изнесува 184.

Слично

Поврзани вести