Економија, финансии, бизнис

Контакт

И ГЛИГОРОВА СЕ ОГЛАСИ ЗА СЛУЧАЈОТ „РИБНИКАР“: Психолозите, педагозите, социолозите и психијатрите, потфрлуваат кога се работи за т.н гранични пореметувања на личност

И ГЛИГОРОВА СЕ ОГЛАСИ ЗА СЛУЧАЈОТ „РИБНИКАР“: Психолозите, педагозите, социолозите и психијатрите, потфрлуваат кога се работи за т.н гранични пореметувања на личност

Активистката Ана Глигорова, го сподели своето мислење за личностите кои имаат гранични пореметувања а кои не добиваат никакво лекување.

„ Психолозите, педагозите, социолозите и психијатрите, потфрлуваат кога се работи за т.н гранични пореметувања на личност (популарно наречени психопати, нарциси, социопати), па секојдневно ги лекуваат нивните жртви, а за мачителот велат дека има таков карактер, дека не се лекува. Бидејќи овие човеколики сподоби секојдневно психички, духовно убиваат луѓе околу себе со мобинг, дискриминација, физичко и психичко насилство ( да не потсетувам дека и убиваат) не ретко остануваат неказнети, останува струката да ги лечи жртвите и да релативизира.

Се прашувам, дали во горенаведените струки има професионалци со гранично пореметување, често нарцисоидно, па немаат намера да се занимаваат со предаторите? Можеби предаторите ја играат главната игра, тие ги даваат правилата, инструкците, такви без сочувство, без емпатија, студени како санта мраз? Насочени само на профит, и толку.

Се надевам дека еден ден рано ќе се дијагностицира граничното пореметување, психопатијата, нарцизмот кои може да бидеат скрени зад маска на љубезно и мило суштество, за да нема море од жртви кои ќе бидат оштетени за цел живот. Ќе се будат во ладна пот луѓето, одново и одново ќе ја преживуваат траумата, анксиоозни, депресивни со разнишана самодоверба, тажни. “ напиша таа на Фејсбук.



Слично

Поврзани вести