Економија, финансии, бизнис

Контакт

И Ѓорчев тагувал како Мицкоски

И Ѓорчев тагувал како Мицкоски

Пратеникот Влатко Ѓорчев даде коментар Твитер откако синоќа партискиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во својот говор за време на прославата на празникот Денот на македонската револуционерна борба рече дека оние кои гласале за уставните измени на собраниската седница му го скршиле срцето.

Ѓорчев најави позитивни ветришта на македонската политичка сцена по серијата исклучувања и разрешувања.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, на својот Твитер налог порача дека неговата партија ќе победи, и тагата од црниот петок ќе биде заборавена, алудирајќи на 80-те пратеници кои гласаа „за“ почеток на уставните измени.

„Вечерва тагата од црниот петок премина во отпор и пркос. Ќе победиме“, напиша Ѓорчев.


Слично

Поврзани вести