И Гевгеличани ќе добијат дигитални водомери
Од денеска јавното комунално претпријатие од Гевгелија започна со замена на старите со нови дигитални водомери, како дел од проектот финансиран од Програмата за водоснабдување.
Од „Комуналец“ соопштија дека првите 1.000 нови водомери ќе бидат поставени во 50 станбени згради во Гевгелија и околината, а потоа водомери за далечинско отчитување на потрошувачката на вода ќе се инсталираат и во индивидуалните станбени објекти. Исто така информираат дека е при крај и акцијата за ажурирање на податоците на корисниците на услуги со која се врши фотографирање на местоположбата на старите водомери и се чита моментната состојба на потрошувачката на вода.
Гевгелија е една од осумте општини вклучени во програмата за модернизација на водоснабдителните и канализациски системи што е подржана од владите на Македонија и Германија преку германската КфВ банка за обнова и развој.
