Економија, финансии, бизнис

Контакт

И ФОН ДЕР ЛАЈЕН НЕ ПОТСЕТУВА ДА ГО ПОЧИТУВАМЕ ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР: еве што објави денеска

И ФОН ДЕР ЛАЈЕН НЕ ПОТСЕТУВА ДА ГО ПОЧИТУВАМЕ ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР: еве што објави денеска

Попладнево преку својот профил на социјалната мрежа „Х“ се јави и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен која прво и ја честиташе титулата претседател на Гордана Силјановска - Давкова, како прва жена претседател во нашата историја, но неколку часа подоцна ги потсети новите лидери дека земјата треба да продолжи со приспатувањето во ЕУ преку спроведување на реформите и почитување на склучените договори, меѓу кои и Преспанскиот.

- За Северна Македонија да го продолжи својот успешен пат кон пристапувањето во ЕУ, најважно е земјата да продолжи по патот на реформите и целосно почитување на нејзините обврзувачки договори, вклучително и Договорот од Преспа - објави Урсула фон дер Лајен на „Х“. 

Претходно Фон Дер Лајен напишта:

- Честитки, Гордана Силјановска-Давкова што стана првата жена претседател на Северна Македонија.

Вашето лидерство доаѓа во клучен момент, додека вашата земја ги унапредува своите реформи и продолжува на својот пат кон ЕУ.

Со нетрпение очекувам да работам со вас - стои во објавата на „Х“. 


Фото: Принтскрин/Собрание

Слично

Поврзани вести