Економија, финансии, бизнис

Контакт

И екс пратеничката Ермира Мехмети го поддржува СЈО?

И екс пратеничката Ермира Мехмети го поддржува СЈО?

На социјалните мрежи се појави фотографија со екс пратеничката од ДУИ,  Ермира Мехмети и обвинителката, Фатиме Фетаи при што може да се забележи дека Мехмети дава поддршка на СЈО. 

„А дали некој рече дека ќе заврши мандатот на Специјалното?! Нееее, мандатот сега ќе им започне, и сите ние го поддржуваме неселективно! “- стои на Фејсбук. 

Оваа е пораката под фотографијата на  Мехмети и обвинителката Фатиме Фетаи, објавена на Фејсбук.

Инаку, Емира Мехмети, е ангажирана како консултант од страна на австрискиот парламент. Таа склучила едногодишен договор како правен советник на пратеникот Штефан Шенах во Советот на Европа. Шенах беше набљудувач на изборите во Македонија како шеф на мисијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа. 


Слично

Поврзани вести