Економија, финансии, бизнис

Контакт

И девелоперот на Мој Воздух збунет од податоците за загадувањето на Макрадули

И девелоперот на Мој Воздух збунет од податоците за загадувањето на Макрадули

 Горјан Јовановски кој гради успешна меѓународна кариера како девелопер преку социјалните мрежи искажува збунетост од податоците кои надлежното министерство за животна средина ги пласираше а кои се однесуваат на загадениот воздух во државата.

Јовановски кој ја лансираше општествено корисната апликација МојВоздух се прашува како е можна толку голема разлика во податоците и дали сајтот на МЖСПП и системот за репортинг е расипан, и сите апликации како и ЕУ користеле грешни броеви или сепак презентираните бројки се грешни и треба да се ревидираат?

„Вчера Министерство за животна средина и просторно планирање објавија бројки дека загадувањето е намалено со текот на годините (извор: https://vlada.mk/node/19855).

Планирав да ги гледам разликите во температурите, деновите кога немало податоци, и други екстерни фактори. Но испадна дека имаме малку поголем проблем.

Самите броеви презентирани на пресот, се далеку од реалноста, на моменти 3-4 пати помали од реалните. На двете слики подолу, ја земавме Ректорат станицата во Скопје за пример.

Во плаво се дадени вредностите кои што беа презентирани на прес конференцијата. Во црвено се броевите кои AirCare - Air Quality App како и самиот сајт на Министесртвото ги дава.

Како е можно волку голема разлика? Дали сајтот на МЖСПП и системот за репортинг е расипан, и сите апликации како и ЕУ користеле грешни броеви? Или дали презентираните бројки се грешни и треба да се ревидираат?“, напиша Јовановски на Фејсбук, а под постот сподели и две фотографии.



Имено, заменик министерот за животна средина Јани Макрадули на прес конференција ги презентираше првите резултати, како што кажа позитивни во намалување на загадувањето на воздухот, кои потенцираше биле резултат на заедничката акција на Владата со граѓаните и деловната заедница.


Податоците кои Макрадули ги презентираше ги изреволтираа и невладините организации, додека од О2 иницијативата искажуваат разочарување, потенцирајќи дека е фрапантно и површно, како човек како Макрадули аматерски и ненаучно носи заклучоци во презентираните податоци.


Слично

Поврзани вести