И денеска времето не ветува
Временските услови ниту денеска не ветуваат и нема да бидат типични за ова време од годината.
Ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, околу пладне и попладне нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, особено во западните и крајните источни делови на Македонија, соопшти Управата за хидерометеоролошки работи.
Ќе дува умерен северен ветер, особено вдолж Повардарието. Минималните температури ќе се движат од 11 до 18, а максималните од 21 до 30 степени.
Во вторник ќе настапи постепена стабилизација, но во северните делови се уште ќе има услови за краткотраен попладневен дожд.
Најверојатно пред почетокот на следната недела следува период на претежно сончево и топло време.
Слично
