Економија, финансии, бизнис

Контакт

И ДЕНЕСКА СЕ ТРАГА ПО МЛАДИОТ МАРТИН, деветти ден од исчезнувањето, екипите продолжуваат со потрагата

И ДЕНЕСКА СЕ ТРАГА ПО МЛАДИОТ МАРТИН, деветти ден од исчезнувањето, екипите продолжуваат со потрагата

Напорите за пронаоѓање на Мартин Јовановски кој исчезна во водите кај Посиди, Грција, продолжуваат и денеска. 

Невладината ОФКАТХ објави дека и денеска, веќе деветти ден ќе продолжат со напорите да го пронајдат младиот скопјанец. 

- Напорите за пронаоѓање на исчезнатиот Мартин продолжуваат 9 дена.

Денешните истраги се зајакнати од членовите на OFKATH - База за подготвеност за драма Паранести со професионално мапирање дрон, термална камера и два чамци.

Почнувајќи од денес со нас BAYLINE SERVICES Lifeguard Academy of Greece со чамци достапни низ првиот крак на Халкидики. !!!!! - е наведено во нивната објава на Фејсбук.


Скопјанецот Мартин Јовановски (31) исчезна пред девет дена кога заедно со двајца негови пријатели беа однесени од морските струи на плажата во Посеиди, на Халкидики.

Едното момче беше пронајдено истиот ден, додека другиот, Иван успеал да преживее на отворено море благодарение на волјата и малата топка со чија помош се држел на површината додека не го пронајдат.

Фото: Принскрин/Фејсбук

Слично

Поврзани вести