Економија, финансии, бизнис

Контакт

И ДЕНЕСКА ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО И НЕСТАБИЛНОТО ВРЕМЕ: подгответе се за дожд, грмежи и силен ветер

И ДЕНЕСКА ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО И НЕСТАБИЛНОТО ВРЕМЕ: подгответе се за дожд, грмежи и силен ветер

Под влијание на влажна  и на нестабилна воздушна маса која е поврзана со фронталната долина со поладен воздух на висина која од северозапад преку алпскиот регион се спушта кон нашиот дел од Европа, во текот на вчерашниот ден, и денес - четврток 4 септември, во Македонија времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

- Локално атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме проследено со обилен пороен дожд за кратко време, силен ветер, електрични празнења  и со локална појава на град. Токму поради очекуваното невреме апелирам граѓаните да обратат поголема внимателност. 

И во Скопје  и околината во погоре споменатиот период времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи, засилен ветер  и со услови за појава на невреме во делови од котлината - укажува метеопрогнозерот Славчо Попоски. 

Што се однесува до температурите, тие денес наутро ќе се спуштаат во интервалот од 12 до 19 степени, додека максималните температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 31 степен. 

Во Скопје  и околината наутро температурата ќе се спушти до околу 17 степени, а максималната дневна температура ќе се искачи до околу 27 степени.

Слично

Поврзани вести