Економија, финансии, бизнис

Контакт

И денеска имаше лажни дојави за бомба - заканувачот побарал пари?

И денеска имаше лажни дојави за бомба - заканувачот побарал пари?

Заканувачот кој испратил мејлови за дојави за бомби во скопските училишта кои се испостави дека се лажни, а во пораката наводно барал 15.000 евра. Но, не е наведено ниту кој, ниту кому треба да ја направи исплатата. Закана добиле средните училишта „Јосип Броз Тито“, „Раде Јовчевски Корчагин“, „Никола Карев“, „Орце Николов“, „Панче Караѓозов“, „Михајло Пупин“ и „Арсениј Јовков“. Учениците беа евакуирани, а полицијата утврди дека сите дојави се лажни.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски очекува разрешница за брзо време. Тој рече дека лажните дојави за бомби ги вознемируваат родителите, учениците и наставниците. Мејловите се испратени од странство. Со денови во Скопје има дојави за бомба во средните училишта. Властите кажаа дека ова го сметаат за хибриден напад. 

Слично

Поврзани вести