Економија, финансии, бизнис

Контакт

И ДЕНЕСКА ГУЖВИ НА БОГОРОДИЦА, КОЛОНИ ОД ВОЗИЛА ДО КАЗИНАТА - ако некој мислеше дека пикот е вчера, очигледно згрешил

И ДЕНЕСКА ГУЖВИ НА БОГОРОДИЦА, КОЛОНИ ОД ВОЗИЛА ДО КАЗИНАТА - ако некој мислеше дека пикот е вчера, очигледно згрешил

И денеска гужви на граничниот премин Богородица кон соседна Грција.

Многумина можеби мислеа дека пикот ќе биде вчера, на првиот ден од продолжениот викенд, како што и беше, но и денеска не е воопшто релаксирано.

Па така, огромен број возила чекаат за влез во Грција, за што наши читетели испратија и фотографии, а велат дека протокот е максимално отежнат, додека, пак, колоните возила се протегаат се до казината.

Од АМСМ, пак, тврдат дека на Евзони се чека по еден час.

„На ГП Богородица за излез се чека околу еден час, а на ГП Дојран за излез се чека околу 45 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата“, велат од АМСМ.

И вчера беше слична ситуацијата. 

Слично

Поврзани вести