Економија, финансии, бизнис

Контакт

И денес „ненормално“ топли температури, ама доаѓа и снежен бран

И денес „ненормално“ топли температури, ама доаѓа и снежен бран

Денес невообичаено високи температури кои ќе се искажат до максимални 17 степени во текот на денот, прогнозира метеорологот Славчо Поповски.

Тој посочува дека овој „топол“ бран продира од северните предели на Африка но веќе од вечер земјава ќе се најде на удар на  воздушно струење кое ќе услови северен ветер и постепено заладување на времето.

Веќе од утре се најавуваат повремени врнежи кои на пониските места ќе бидат од дожд, додека на планините ќе вее снег.

Невообичаено високите температури на воздухот кој се во склоп со невообичаено топлата воздушна маса која продира од северните предели на Африка ќе се задржат и утре кога максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 17 степени.

Во текот на ноќта кон четврток се можни и снежни врнежи но со саб интензитет и на места кои се под 1000 метри надморска височина .

Веќе од четврток температурите пак ќе одат под нула во утринскте часови.

Слично

Поврзани вести