Економија, финансии, бизнис

Контакт

И денес нема припарување до Владата, се протестира пред ЈО

И денес нема припарување до Владата, се протестира пред ЈО

Демонстрантите кои протестираат за случајот со убиството на Мартин Нешковски и денес беа спречени да го искажат незадоволството пред Владата, па се упатија кон Јавното обвинителство, каде , како што велат ќе поднесат кривична пријава за ограничување на правото на протест.

Протестот и денес го предводи братот на убиениот Мартин, Александар кој вели дека протестите ќе продолжат се додека не се слушнат нивните барања.

Имено, ова е трет протест поврзан со овој случај.

Првиот ескалираше, при што беа повредени и приведени неколку цивили, а беа повредени и неколку полицајци.

Вчерашниот протест за разлика од првиот беше мирен и помина без големи инциденти.

На социјалните мрежи и низ дел од медиумите се шират информации дека група хулигани се обидела да предизвика нереди, а за истата група постојат сомневања дека на првиот протест намерно провоцирале и во толпата која дотогаш мирно протестираше, се појавиле отпосле и биле инфилтрирани провокатори.

Луѓето велат „Се појавија чудни фаци со фантомки и дуксери врз лицата, со камења во рацете. Тие луѓе не беа таму до тогаш. Тие луѓе не седеа со нас, протестирајќи мирно“ ...

Слично

Поврзани вести