Економија, финансии, бизнис

Контакт

И ДА САКАМЕ, НЕ МОЖЕМЕ КОМПЛЕТНО ДА ИЗЛЕЗЕМЕ ОД МАТРИЦАТА НА ЕТНИЧКОТО ПРЕБРОЈУВАЊЕ - шефот на државата за пописот

И ДА САКАМЕ, НЕ МОЖЕМЕ КОМПЛЕТНО ДА ИЗЛЕЗЕМЕ ОД МАТРИЦАТА НА ЕТНИЧКОТО ПРЕБРОЈУВАЊЕ - шефот на државата за пописот

Шефот на државата Стево Пендаровски вели дека земјава и да сака, не може да излезе да излезе од матрицата на етничко пребројување.

„Ние не можеме сосема и да сакаме да излеземе комплетно од таа матрица на пребројување по етничка припадност, оти во нашиот Устав има одредба дека одредени права и статуси им припаѓаат и на оние немнозински заедници кои се најмалку 20 отсто од популацијата“, вели меѓу другото претседателот Пендаровски во интервју за радио Слободна Европа.

Така што, додава, тоа е одредба од Рамковниот договор, тоа е одредба од нашиот Устав, мораме да ја почитуваме, инаку се согласувам и мислам дека пребројувањето само и само по етничката припадност треба да стане дел од историјата, вели претседателот Стево Пендаровски.

Слично

Поврзани вести