Економија, финансии, бизнис

Контакт

И да имаш стан, може да учествуваш во „Купи куќа, купи стан“

И да имаш стан, може да учествуваш во „Купи куќа, купи стан“
Повторно се менуваат условите во проектот „Купи куќа, купи стан“. И лицата што имаат недвижен имот наменет за домување во иднина ќе можат да се пријават за субвенционирани кредити што ги нуди државата, пишува Дневник. Измените во Законот за субвенционирање станбен кредит веќе се во собраниска процедура. Според нив, за „Kупи куќа, купи стан“ може да аплицираат и лица што самите или заедно со брачниот другар поседуваат стан или куќа што ги добиле во наследство, но само ако делот на заедничката сопственост не е поголем од половина од тој имот. Kредит ќе може да добијат и тие што поседуваат само една куќа, која ја продаваат, за да купат нов поголем стан или куќа или планираат да ја урнат постојната куќа и на нејзино место да изградат поголема наменета за сопствено домување. Досега, лицата што поседуваа каков било недвижен имот наменет за домување немаа право да аплицираат за субвенционираниот кредит. Според Министерството за финансии, кое ги предлага измените, променетите услови ќе имаат ефект и врз Буџетот, но во државната каса веќе биле испланирани средства за таа намена. Проектот „Купи куќа, купи стан“ се менува неколкупати до сега. Се продолжуваше рокот на негова важност, се овозможи порана предвремена отплата, се зголеми учеството на Владата во месечната рата за отплата на кредитот.
Слично

Поврзани вести