И Ципрас како Заев: Свикан Централниот комитет на СИРИЗА
По големиот пораз на неговата СИРИЗА на изборите за Европскиот парламент во неделата вечер, грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска ќе претседава со седница на централниот комитет на партијата денеска попладне откако ја свика истата.
Ципрас треба да одржи говор на кој ќе се фокусира на разочарувачкиот изборен исход и предизвиците со кои се соочуваат левичарите.
Со 81,53 отсто од преброените гласови, СИРИЗА загуби од конзервативната Нова демократија за 9,44 процентни поени.
Ципрас синоќа изјави дека ќе има предвремени парламентарни избори во Грција по овој резултат.
Слично
