И членот на СДСМ во ДИК, Јанаќе Витаноски, обвинет во „Моќник“
Јанаќе Витаноски, актуелниот член од СДСМ во Државната изборна, како поранешен лустратор е обвинет од Обвинителството во случајот „Моќник“, во кои до сега беше јасно само дека предмет се отвора за пратеникот Антонијо Милошоски, неговиот татко и Томе Аџиев, поранешниот претседател на Лустрациската комисија.
Меѓу 13-те обвинети се нашло и името на уште еден лустратор - Вецко Здравевски, сопруг на скопска обвинителка. Во поранешните „бомби“ кои ги објави СДСМ, Гордана Јанкулоска и Сашо Мијалков договораат да се продолжи мандатот на сопругата на Здравевски, бидејќи тој ги поддржувал во Комисијата за лустрација.
Според Обвинителството, Милошоски преку Лустрациската комисија му се реванширал на поранешниот судија Драган Билески од Кичево, кој потоа го загуби правото да суди, а потоа и почина.
