И Бугарите од Македонија изготвија Декларација, имаат барања
Бугарите во Македонија со Декларација бараат поддршка од Софија.
Откако вчера македонските организации во Бугарија упатија Декларација до меѓународната заедница со која ја осудуваат политиката на негирање и дискриминација кон македонското малцинство, се јавија и Бугарите од Македонија. Тие бараат од бугарските политичари да ги заштитат. Ја поздравуваат позицијата на Бугарија на самитот во Словенија да не отстапува од блокадата на македонските евроинтеграции додека Скопје не ги исполни условите. Бараат Бугарите да влезат во Уставот и сметаат дека ова е историски момент. На апелот се потпишани Љупчо Георгиевски, Елизабета Најдоска Величкова, Добре Митрев, Владимир Перев, Владо Треневски, Столе Велков и Петар Колев.
