И Бит-пазар ќе добие нов лик, ама најрано од наесен
Најрано есенва треба да започне реконструкцијата на Бит-пазар, со која пазарот треба да добие нов, современ лик. Лани беше презентирано ново современо решение со традиционални белези на површина од 15.000 квадратни, но неговата реализација тапка во место.
Промените треба да донесат подобри услови, поголема хигиена и инфраструктурно посреден работен простор за продавачите.
Новиот изглед на Бит-пазар од општина Чаир и „Скопски пазар“ го најавија уште во летото 2013 година.
Слично
