И авиoнот на Бујар Османи имал проблем со ГПС сигналот кога летал во 2023 над Бугарија?
Инцидентот со ГПС уредот на авионот на Урсула фон дер Лајен над Бугарија не е изолиран случај. Еден таков инцидент се случил и со авионот на тогашниот министер за надворешни работи, Бујар Османи, кој се враќал од Молдавија, каде што беше во улога на претседавач со ОБСЕ и летал над Бугарија.
Албанскиот портал „Lexo.al“ дознава дека авионот на Османи претрпел целосен прекин на ГПС сигналот во бугарскиот воздушен простор во февруари 2023 година. И во овој случај, како и во случајот на Фон дер Лајен пилотите биле принудени да користат традиционални алатки за навигација и печатени мапи, следејќи ги точно истите протоколи за итни случаи што се користеле неколку дена претходно за време на слетувањето на претседателката на Европската комисија во Пловдив.
