Економија, финансии, бизнис

Контакт

И Апасиев повикува на протест: Од пред Влада ќе се бараат оставки

И Апасиев повикува на протест: Од пред Влада ќе се бараат оставки

За вечерва во 18.30 часот за пред Влада е закажан уште еден протест. Повикот го сподели на фејсбук Димитар Апасиев пратеникот и лидер на Левица. Овој протест на социјалната мрежа го организира Бојкотирам. За попладне во 18 часот и ВМРО-ДПМНЕ организира протест на кој зборното место е паркингот пред Борис Трајковски.


„Во одбрана на АСНОМ-ските вредности и антифашистичката борба врз кои се поставени темелите на современата македонска држава. Македонскиот народ бил на правилната страна на историјата, давајќи бројни жртви во борбата против бугарскиот окупатор и затоа не дозволуваме да бидеме уценувани, понижувани и негирани од оние кои треба да се ИЗВИНАТ за своите злосторства! Ниту една привремена Влада поставена од надворешни групи на интерес нема право да преговара и договара за децениската жртва и придобивките тешко издвојувани. Бараме ОСТАВКА од квислиншата влада и прекин на преговорите кои се водат единствено на штета на Република Македонија. За достоинството на народот не се преговара! Се гледаме во 18:30 пред Влада со маски, стои во постот за протестот.

Во него стои и една напомена:

Не се добредојдени знамиња на ЕУ која остана нем поддржувач на шовинизмот на официјална Софија.

Претходно лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски повика на масовност на протестот во 18 часот.

Слично

Поврзани вести