И Антонио Милошоски на молитвен појадок кај Трамп
Пратеникот Антонио Милошоски е последното потврдено име што ќе присуствува на молитвениот појадок кај претседателот на САД, Доналд Трамп, во Вашингтон.
Заедно со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, Милошоски наредниве денови ќе бидат во работна посета на Вашингтон како прeтседателот на Комисијата за надворешна политика во Собранието.
Молитвениот појадок претставува најпрестижен политички настан во САД на кој доаѓаат врвни политичари од САД и целиот свет. Покрај присуството на молитвениот појадок Милошоски и Николоски ќе имаат и голем број билатерални средби со конгресмени, сенатори и претставници на институти, како и средби со македонската дијаспора.
Претходно, Стефан Богоев, градоначалникот на Карпош, објави дека ќе присуствува на истиот традиционален настан.
